За скоро ќе поднесеме кривични пријави за претходното работење во ЈП „Водовод“, тогаш јавноста ќе дознае дали трпат вработените или трпат граѓаните од нивното криминално работење, најави ВМРО ДПМНЕ, по обвинувањата на ОО СДСМ Охрид за незаконско постапување во јавното претпријатие „Водовод“.
Од ВМРО ДПМНЕ им забележуваат на политичките опоненти дека пласираат лажни вести, посочувајќи дека посоченото јавно претпријатие работи успешно и ги почитува работничките права.
ЈП „Водовод“ во третиот квартал има добивка од 15 000 000 денари, финансиски резултат во услови на двојно повисока цена на струјата и зголемени плати, кој не се памети досега во историјата на претпријатието. И да, К-15 без да си грижи Јаковлева сите вработени има да добијат согласно законските прописи, доколку не ги познава не ги проучи ќе и требаат лично за нејзините К-15, стои во партиската реакција.
Заврши времето на аздисување на директорите на СДСМ по кафани, спортски натпревари во странство и делење бодови и награди од ракав на нивни блиски луѓе за лежење дома и недоаѓање на работа без соодветна законска процедура, додаваат од ВМРО ДПМНЕ, подвлекувајќи оти во ЈП „Водовод“ се донесени акти согласно законските прописи со кои се регулира целокупното работење во делот на платите, според кои, ќе добиваат дополнителни средства сите оние кои ќе покажат резултат во работењето.
СДС Охрид се гледа дека е против да добиваат особено оние од кои зависи дејноста, тоа се техничките лица, водоинсталатерите затоа што тие се оние кои макотрпно се грижат за сите ние да добиваме вода за пиење, а кои досега биле целосно запоставени и маргинализирани. СДС Охрид ги боли тоа што ЈП „Водовод“ покажува резултати и конечно се става ред во претпријатието. За нив тоа е чудно бидејќи не се навикнати на работа, туку се навикнати на аздисување и башибозук, истакнуваат од ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews