ВМРО ДПМНЕ со прес конференцијата што денеска ја одржа кандидатот за пратеник, Анита Кипаризовска-Крстеска, и со соопштение до јавноста регираше на митингот на коалицијата „Сонце“ што синоќа се одржа во Охрид:

На сите што присуствуваа на вчерашниот митинг на „Сонце“, коалцицијата која не го содржи зборот „Македонија“ во своето име, повеќе од јасно им е дека е постигнатно дното во политичката реторика, во политичкото обраќање, во начинот на водење на кампања, од 1990 година досега.

Малубројните граѓани од Охрид и граѓаните кои со автобуси пристигнаа од другите градови од бината поставена среде градскиот плоштад, се изнаслушаа навреди, клевети, лаги. Се изнаслушаа сè и сешто. Само не слушнаа што нуди „сонцето“ Шеќеринска и вечните политички сончогледи Петковски, Андов, Манасиевски и Оровчанец?

И во 2006 и сега, програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Преродба во 100 чекори“ им е достапна на сите граѓани на Македонија. Програмата на „Сонце“ за развој на економијата, туризмот, енергетиката, до ден денес не му е позната никому. И во однос на најчувствителната тема – спорот за името, нашиот став е јасен и недвосмислен. Кој е ставот на СДСМ и која е црвената линија која тие не би ја преминале во преговорите никој од противничкиот табор не кажува.
Кога не прозиваат да излеземе на медиумиски дуели треба да имаат нешто предвид – какво соочување би било тоа кога коалицијата на СДСМ нема програма, нема резултати и нема аргументи коу би ги спротиставиле на нашите. За што би зборувале? Ние одбиваме да влегуваме во нивната шема на лаги, фрустрации, лични навреди и незасновани инсинуации.
Паралелите што невешто ги прават со изборите во Србија се повеќе од смешни. ВМРО-ДПМНЕ впрочем доби недвосмислена поддршка од Европската народна партија на овие избори. Кој ја поддржува коалцијата „Сонце“ (освен можеби сватовите од Грција)?

Вчера бевме нападнати дека со нашата политика ги одвраќаме туристите. Бројот од 306.132 туристи во 2007 во однос на бројот од 197.200 туристи во 2005 кажува повеќе од доволно, но кому од „Сонце“ тоа да му го кажеме? Да не зборуваме за проекти во образованието, во културата, во здравството, во заштитата на животната средина.

Досега ни пристапуваа цели општински организации на НСДП и ЛП. После примитивниот настап на „Сонце“ вчера очекуваме сè повеќе членови и на самата СДСМ на први јуни да ја поддржат нашата коалиција. Како на луѓе, на Шеќеринска и на останатите предводници на „Сонце“ им посакуваме долг живот и добро здравје. Како на политичари можеме само да им кажеме дека веќе се во политичкиот „Recycle Bin“. А на први јуни народот ќе каже „Empty“!

       ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид
       Центар за комуникации