„Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Охрид е згрозен и шокиран од односот на локалната власт кон најголемиот празник на градот и кон неговиот патрон. Хирот на локалните властодршци доживеа максимум токму на денот на славењето кога од нивно политички причини ги откажаа сите свечености за одбележување на најголемиот празник на градот.
На нивниот однос кон Охрид одамна укажуваме , но поигрување со најсветиот ден е недозволливо и непростливо. Нивниот анимозитет кон фактот дека Св.Климент е прогласен за државен празник а се што е под закрила на државата за нив е несвето , резултираше со откажување, замислете , на одбележувањето на празникот во Охрид. Овој чин ги прави недостојни повеќе да го употребуваат името Охридово и Св.Климентово.
Покривањето со некакви оставки заради надгласување е уште еден демократски срам за Охрид затоа што тие , локалната власт , токму со надгласување ги носи штетните урбанистички решенија , со надгласување донесуваат одлуки на штета на Охрид , со надгласување прават кадровски промашувања , со надгласување го водат Охрид во пропаст.
Локалната власт во Охрид за жал и на светиот ден покажа недостаток на капацитети на недостаток на свест. На Охрид очајно му е потребен градоначалник и локална управа а не овој срам и деградација.
Охриѓани пред се се горди луѓе. Заради нив , заради градот и поччитта кон заштитникот ИМ ГО ЧЕСТИТАМЕ ПРАЗНИКОТ Свети Климент на сите Охриѓани и сите кои ги знаат и почитуваат вредностите на нашата традиција и нашиот град“, стои во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.