Од општинската ВМРО- ДПМНЕ обвинувањата од ВМРО- НП дека се вршат притисоци врз граѓаните ги коментираат како изнесување лаги и клевети.
– Би сакале да потенцираме дека внатрепартиските активности на ВМРО ДПМНЕ се работа на партијата, и како сериозна политичка опција секогаш ќе бидеме во блиска соработка со нашето членство. Токму поради тоа не можеме да ги разбереме ваквите недефинирани и во крајност, несериозни обвиненија од страна на одредени политички маргиналци. Она што со сигурност можеме да го тврдиме е дека во ВМРО ДПМНЕ секојдневно се зголемува бројот на нови членови што кажува за интересот и самата определеност на граѓаните на Охрид. Оттука јасна е нашата определба за подобра соработка со нашите членови која пак ќе придонесе за уште една голема победа на ВМРО ДПМНЕ на престојните избори, се наведува во реакцијата од општинската ВМРО- ДПМНЕ.
OhridNews