,На празникот сведоци сме на повторната појава на малтретирање на граѓаните на Охрид од страна на членовите на Социјалдемократскиот Сојуз во Охрид и од локалната самоуправа во Охрид, велат од општинското ВМРО- ДПМНЕ.

Деновиве граѓаните на Охрид повторно се малтретирани по стариот комунистички обичај со влегување во нивните куќи, заплашување, закани и ставање на црни списоци со цел некако да се обезбеди бројка за учество на митингот во Прилеп. Во тоа малтретирање на сопствените сограѓани на чело стои Градоначалникот,  кој ги собира вработените од Општината, јавните претпријатија и училиштата и им шири закани, а автобусите за превоз до Прилеп ќе ги плати со пари на граѓаните на Охрид, за потоа да може и натаму да се жали дека некој го блокира, потенцираат од ВМРО- ДПМНЕ.

О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, ги повикува граѓаните на Охрид  да останат смирени, да не одговараат на провокациите и уцените и да ги пријавуваат заканите.

OhridNews