Една слика зборува повеќе од 1000 зборови. “Сонце, коалицијата за Европа“ надовор од сите законски норми ги узурпира просториите на Месната заедница “Билјанини извори“, кои се инаку определени за избирачко место под бр. 1271, за свој изборен штаб, соопшти ОК ВМРО ДПМНЕ.
Според Член 172 од Изборен Законик (Сл.Весник на Р.Македонија бр.40 од 31.03.2006 година): “Просторијата во која се врши гласањето не смее да се определи во објект во кој има седиште политичка партија или кој се користи за активности на политичките партии.“ Дотолку повеќе не смее во објект кој е определен за избирачко место политичка партија да има свој изборен штаб, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Интересно е како СДСМ повторно го зема Тито (и тоа оригиналот) во своја прегратка, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ која бара да се почитуваат законите како што се почитуваат насекаде во Европа.
фото: ВМРО ДПМНЕ