„Политичка комуникација и организација“ се теми на семинарот што денеска во Охрид го орхганизираат ВМРО ДПМНЕ и и институтот „Конрад Аденауер“.
Темите на семинарот се поврзани со главните елементи на политичка комуникација и организација на десно ориентораните партии и нивните подмладоци , активности на локално и регионално ниво , координација и развивање на проекти.

На семинарот предавачи се преставници на Институтот „Конрад Аденауер“ и фондацијата “Едуардо Фреи“. На отворањето свое обраќање имаа Кирил Пецаков член на Извршниот Комитет на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ и претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Охрид , д-р Атанаско Михаилов.

OhridNews