Се понискиот рејтинг и доверба на граѓаните во СДС, им создава фрустрација која резултира со нова глупост. Сакаме да веруваме дека во СДС има некој сериозен лик кој што ќе им каже и ќе се спротивстави на ваквите неиздржани обвинувања. Што се однесува за криминалците, епа да одиме по ред, реагираат од ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на пратеничката Жаклина Лазаревска.

Прво, Талат Џафери, коалициски партнер во власта за кои СДС вели дека е добар и прифатлив предлог за технички премиер се состанувал по кафани со Јетон Кривањева Жила, нарко бос на групата од Грчец, кој беше убиен пред очите на присутните гости во Шиша бар. Второ, Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи од СДС, има 10тици фотографии со криминалци, кои би требало да ги апси. Искрено не сакаме да веруваме дека тоа му е во делокруг на работата и не разговарале за состојбите во министерството и безбедноста на државата и граѓаните. Трето, Стево Пендаровски, претседателот на државата, за кој токму Димитар Ковачевски рече дека ги исполнува сите критериуми за да биде повторно кандидат за претседател, се сликал со ликвидираниот Орхан Бајрами Оки, лидер на нарко бос групата од Дуќанџик. Исто така сакаме да веруваме дека овие лица не му се верни пријатели на Пендаровски“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Очекуваме, велат, следната прес конференција на СДС да биде пред Мала Речица, пред претседателската вила на Водно или пред МВР, и да побараат одговорност од нивните функционери.

ВМРО-ДПМНЕ им ветува дека нема да реагира на таквата прес конференција напротив ќе им честита за храброста и одлучноста. Во спротивно, подобро е СДС да молчи и да и не се брукаат, бидејќи излегуваат недоветни и несериозни пред граѓаните, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews