Од општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ ,велат дека остро реагираат на кажувањата на граѓани, дека СДСМ Охрид врши притисоци граѓаните да излегуваат на протести заедно со нивните деца.

– Манипулацијата со децата за политички цели е законски недозволена. СДСМ во своето политичко делување го достигнува дното и без да води сметка за иднината на сопствените деца ги манипулира за нивните политички цели. Иако нема никаков основ за протестите кои што ги прават освен гола борба за власт, им укажуваме на граѓаните да не подлегнуваат на лагите, манипулациите и притисоците кои што се прават врз нив, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

Оттаму порачуваат граѓаните да не подлегнуваат, како што велат,  на мрачното сценарио  кое што го подготвува СДСМ за дестабилизација на државата и состојбата во Охрид.

OhridNews