ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид го обвини СДСМ дека со начинот на комуникација шири омраза и дека тоа го прави во паника поради новиот тим на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

– Ние во ВМРО ДПМНЕ сме решени дефинитивно да не се спуштаме на нивното очајно ниво со кое само го срамат Охрид , ниту некогаш ќе влеземе во навреди на личности од СДСМ какви и да се , кои и да се  . Но ,за работењето зборуваат фактите . СДСМ додека беше на централна власт во Охрид има 0 вложени денари  во културата , 0 вложени денари  за плажи , 0 вложени денари во хотели, опустошени ЕМО, Братство ,Отекс, Застава ,Градинар, ЗЗ Горица , потоа стигнаа урбаната мафија ,криминал на факултетот за туризам и угостителство  и како финале потрошени 40 милиони евра буџетски средства за 5 години од кога ја имаат локалната власт ,без ниту еден капитален проект  и без отчетност . Ете , тоа е  СДСМ во Охрид, се бели во соопштението.

Од ВМРО ДПМНЕ укажуваат дека новото раководство партијата во Охрид ќе се обиде да го врати разнишаниот углед на Охрид, за што според оваа партија одговорност има СДСМ.

– Новото раководство на ВМРО ДПМНЕ во Охрид , сака да иницира средба токму за надминување на нискоста на политичката култура во Охрид , ама очигледно немаме со кого да разговараме ! Новото раководство на ВМРО ДПМНЕ во Охрид има млад и стручен кадар кој ќе разговара за идеи , проекти за јавниот интерес на Охрид , ама очигледно немаме соодветно нешто на другата страна, стои во соопштението.

ВМРО ДПМНЕ одговара и на прозивките упатени кон новиот претседател на општинскиот комитет кому му се забележува дека успеал за само два дена од стапување на функција да ја вработи сопругата, окфалификувајќи го  изнесеното во соопштението на СДСМ како политичка конструкција и невистина .

– Овој начин на дискредитација на личности е својствен за СДСМ , тоа не е ништо ново , го гледаме секојдневно и на партиски изјави и преку злоупотреба на официјални сајтови .Тоа е само обид некако да стигнат до за нив фамозните 10 проценти рејтинг и да го покријат тоталното нивно неработење во градот и понатаму да ја шират најголемата лага, дека централната власт го блокирала Охрид, се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид. 

Ohridnews