ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на СДСМ во Битола реагира дека опозицијата продолжува со сценариото за дестабилизација со кое им наштетува на интересите на Македонија и на граѓаните.
„СДСМ токму во Битола ги демонстрираше своите погубни политики кога во аферата со штедилницата ТАТ беа украдени 60 милиони евра на околу 13.000 граѓани, градот го оставија во бесперспективност, а министрите во тренерки на СДСМ ги префрлаа парите со црни кеси во своите дебели банкарски сметки. СДСМ во Битола им ги ограби парите на старите девизни штедачи и затвори десетици фирми и фабрики, од кои повеќе од 10.000 битолчани останаа без свое работно место. СДСМ по толку години повторно од Битола се обидува да и’ наштети на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија повторија дека социјалдемократите користеле нелегално стекнати и креирани материјали, кои ги прилепувале и монтирале, а потоа ги ставале во манипулативен контекс.
OhridNews