Сведоци сме на  безидејност, безначајност и безпредметност од страна на СДСМ, на уште еден пример кога СДСМ го покажува своето вистинско лице исполнето со толкување на невистини и клевети, беше истакнато на денешнат апрес конференција на Центарот за комуникации при ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

– Тие се  истите оние  кои имаа можност цели осум години да покажат на дело убави работи за Охрид, а оставија само милионски долгови без реализација на ниту еден витален проект. И токму тие се дрзнуваат да зборуваат за нереализирани проекти и тоа во време кога ВМРО ДПМНЕ успева да ги санира штетите од владеењето на СДСМ. Ако ги напаѓате зафатите во културата ,сетете се дека СДСМ 8 години ништо не направи за да го збогати културниот сектор во градот. Ако напаѓате за спортот сетете се дека СДСМ немаше вложувања во спортот во Охрид во изминативе години. Ако напаѓате за еколошката политика ,сетете се дека СДСМ немаше ниту една еколошка активност. Ако напаѓате за урбанизација сетете се дека СДСМ со своите одлуки урбанистички го искасапи Охрид, рече Никола Митровиќ од Центарот за комуникации.

Тој додаде дека ВМРО ДПМНЕ успева во сите аспекти на општеството да создаде услови за прогрес и просперитет и токму поради тоа партијата е сериозна политичка опција која своите ставови ги темели исклучиво врз потребата на граѓаните.

– Токму поради тоа потенцираме дека во услови кога секојдневно неосновано се напаѓа врз ВМРО ДПМНЕ, ќе  продолжиме и понатаму кон реазлизација на ветувањата и кон создавање на услови за подобар живот.Тоа е нашиот мотив од кој не отстапуваме, истакна Митровиќ.

OhridNews