Во врска со денешното соопштение од општинската СДСМ реакција од општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ. Во неа денешното соопштение го нарекуваат бледа копија на нивните минатонеделни јавни настапи, кои не може да ја искриват реалната слика  дека во  Охрид како никогаш досега се гради и инвестира. 

–    Минативе две и пол години локалното раководство  на ВМРО –ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески   иако соочени  со стотици  правни и финансиски лавиринти и дупки  на секој план при реализација на секој проект, успеаја  да реализираат она што ретко која локална самоуправа во вакви неверојатни околности може да успее : 129 во  целост завршени проекти и 58  проекти кои се во тек , ветени во програмата и неветени.  Што се однесува до  „капиталните  – крупни проекти“, власта на ВМРО-ДПМНЕ  (за разлика од минатото   локално раководство на СДСМ) се  раководи  исклучиво само од постоечките законски норми, прописи и  предвидени рокови. Доколку во текот на своето 8 годишно владеење со градот СДСМ- Охрид наместо со криминални и коруптивни активности  кои го потонаа градов во финансиска бездна за сметка на полнење на приватните џебови на мал број поединци, се занимаваше или работеше на  создавање предуслови и обезбедување на сите потребни постапки  за изградба на капиталните проекти, денес истите ќе беа во функција, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ. 

Оттаму додаваат дека СДСМ – Охрид нема никаков кредибилитет да  ги употребува термините, сообраќај , сообраќајна студија или    паркинг  простор.

–    Сведоци сме дека  во времето на СДСМ  иако главни функционери во општината беа експерти по сообраќај , Охрид го доживуваше најголемиот сообраќаен хаос за што сведочат и огромните бројки на  сообраќајни незгоди. Охриѓани добро паметат дека во времето на СДСМ   со јавниот паркинг простор  во градов   стопанисуваше приватна фирма  блиска до претходното локално раководство  која  инкасираше народни пари на приватни сметки. Многу наскоро ВМРО- ДПМНЕ јавно ќе упати покана  до охридските социјалдемократи да го проследат почетокот од реализацијата на втората фаза од изградбата на една од најубавите  пешачки и  велосипедски  патека од каналот „Студенчишта“ до хотел Парк. Исто така на задоволство на охриѓани и за жал на  СДСМ многу наскоро во Охрид  ќе бидат пуштени  во употреба реконструираните улици  „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews