СДСМ повторно лиферува лаги и небулози во јавноста. Очигледно, без никаква програма за Охрид, коментираат за Гостивар, Тетово, Србија и секаде – само не за Охрид, се вели во писмената реакција на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ одржана денеска.

„Во однос на туризмот, би ги потсетиле дека Законот за агенција за туризам не се изгласа заради блокада во Парламентот од пратениците на СДСМ. Тој ќе придонесе за развојот на Дојран, Преспа и останатите места кои го развиваат туризмот. Неговото неизгласување покажа каков е односот на СДСМ кон оваа важна стопанска гранка.

Граѓаните ваквата политика на СДСМ веќе ја препознаа и на 1 јуни ќе ни дадат поддршка со над 60 пратеници, за да го изгласаме овој како и многу други закони кои се во нивни интерес“, се наведува во соопштението.

ОК ВМРО ДПМНЕ
Центар за комуникации