Од општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ  на вчерашното соопштение на СДСМ, реагираат со прашања кои ги упатуваат до охридскиот огранок на СДСМ. Прашуваат: каде се 40 милиони евра од 5 годишното владеење на СДСМ и нивниот градоначалник, со оглед на тоа дека ниту еден крупен зафат не е реализиран, а парите се потрошени. Колкав  е дополнителниот долг на Охрид , создаден од локалната власт на СДСМ ? Колку изнесува заработката од урбаното дивеење во Охрид и како наеднаш, за 5 години, господата од СДСМ и од локалната самоуправа Охрид станале богати ?

“ СДСМ и најнеуспешниот градоначалник на Охрид се веќе препознаени. На Охрид му е смачено од корумпирано владеење , насилство и тортура на СДСМ, во градот што е и слика воедно и на  функционирањето на СДСМ во државата. На охриѓани им е доста од власта , ама од локалната власт. Охрид токму заради корумпираната локална власт стана пусто острово” , стои меѓу другото во дописот на ВМРО- ДПМНЕ .

Ohridnews