Кипаризовска Крстеска се осврна на синоќешните обвинувања од страна на политичкиот противник, Томе Чингоски, кандидат за пратеник од СДСМ, кој, како што рече таа, ја обвинил ВМРО-ДПМНЕ дека не направила ништо за народот. ” За време на СДСМ паѓаа ѕидови од Самоиловата тврдина, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога е на власт не го заборава Охрид “, додадеКипаризовска- Крстеска и потсети на дел од проектите што ги реализира ВМРО-ДПМНЕ, како што се изградбата на фискултурни сали во повеќе градови во Македонија, бесплатни компјутерски ваучери, бесплатни компјутерски курсеви, санацијата на Самоиловата тврдина и камен-темелникот н Музејот на вода.
Осврнувајќи се на критиките искажани на митингот на коалицијата „Сонце“, дека ВМРО-ДПМНЕ е виновна што во Охрид не доаѓаат доволно туристи, кандидатската за пратеничка од Охрид, Анита Кипаризовска Крстеска на прес-конференцијата излезе со статистички податоци кои како што рече говорат дека во времето на СДСМ имало многу помалку туристи, отколку кога ВМРО-ДПМНЕ била на власт.