СДС несвесно јавно призна како тие требало да ја водат Општината кога имале можност, но наспроти тоа знаеме дека СДС беше до гуша во криминали и ја задолжи Општината и Јавните претпријатија со што ги направи загубари, се наведува во реакцијата на општинската ВМРО ДПМНЕ.

– Недомаќинското работење, неуслужна општина, контуинираната злупотреба како и ставањето на партиските и лични интереси пред интересите на граѓаните ги доведе Јавните претпријатија до пропаст. Охрид е градот кој најмногу пропати од политиките на СДС кои значеа затворање на фабрики, технолошки вишоци и бркање луѓе на улица без работа токму од Јавните претпријатија.Охриѓани многу добро знаат дека Јавните претпријатија ги користевте како партиски инструмент. Исто така како што знаат дека за ВМРО-ДПМНЕ е од витално значење нивното функционирање, впрочем тоа сме го покажале во многу наврати наназад со нивното раздолжување и нивно ангажирање за потребите на Локалната самоуправа, а за кои потреби во минатото се ангажирале приватни фирми, се наведува во реакцијата.

Од општинската ВМРО ДПМНЕ додаваат дека карактеристика на власта од СДСМ била тоа што управните и надзорните одбори ги користеле за во нив да се сместуваат шест или седум семејства  кои контролираа се во Охрид.

– Ваквото практикување на локалната власт и локалните јавни претпријатија и институциите, охриѓани убедливо го испратија во историјата одамна. Со кој образ си дозволувате повторно да застанете пред охриѓани и да ја барате нивната поддршка?, се наведува во реакцијата.

OhridNews