ВМРО-ДПМНЕ воопшто во приоритетите ги нема изборите, изјави на прес конференција денеска, потпретседателот на партијата Александар Николовски. Луѓе секој ден за жал заболуваат од корона вирус, луѓе умираат, а тие да зборуваат за избори навистина ова е едно однесување кое што е надвор од секоја пристојност, рече Николовски.
Воопшто во моментов не размислуваме и не сме фокусирани на избори навистина во услови кога луѓе секој ден се заболуваат од коронавирус, во услови кога за жал луѓе губат битка со корона вирусот и во услови кога македонскиот народ е соочен со едно вакво национално понижување за бришење на македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската историја, навистина мислам дека СДСМ се обидува да дефокусира со оваа тема за изборите. – додаде Николовски.
OhridNews