На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид уште еднаш приоритет  добија личните интереси на кандидатот на СДСМ, Александар Петрески, обвини денеска на прес-конференција, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, и кандидат за советник од оваа партија, Борис Стефановски.

„Петрески дури и на заминување конечно се осмели како и во сите четири години, светиот Охрид, повторно да го стави како жртва за да  ги задоволи своите лични интереси“ рече Стефановски и додаде дека на вчерашната седница одлучувале тројца кандидати за градоначалници и четворица за советници.

„Кого го лаже Петрески дека без мислење на матичната комисија за урбанизам и на градскиот урбанистички совет,  и без графички прилог на нацрт за стариот град, совесно, без лични интереси, во самото предизборие се  носат вакви важни  одлуки“ кажа Стефаноски.

Тој подвлече дека кандидатите за советници од ВМРО ДПМНЕ нема да дозволат Охрид да биде жртва на нечии лични интереси.

Ohridnews