ВМРО ДПМНЕ по денешната серија партиски реакции и прес коференции ги обвини градоначалникот на Општина Охрид и ВМРО НП дека работат во спрега против интересите на. Во соопштението до јавност се вели:

„Денес  се виде врвот на лицемерието на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петрески, како и лицемерието на ВМРО НП, кои заеднички, во спрега, во неформална коалиција четири години го деградираа Охрид во сите можни аспекти.
  
Советниците од ВМРО Народна партија, во настојување да си го подигнат предизборниот рејтинг, привидно демонстративно ја напуштија последната седница на Советот, но сепак останаа онолку од нив колку што беа потребни за да може да се доврши криминалното нанесување на далекусежни штети на градот, нарочно во урабанизацијата“, се вели во соопштението на прес центарот на ВМРО ДПМНЕ.