Во екот на пандемијата прогласена од СЗО, поради рапидното ширење на коронавирусот COVID 19, Струга е на пат да стане ново жариште во Република Македонија, предупредува ВМРО ДПМНЕ. Опозициската партија апелира за што помасовно тестирање во Струга и во селата каде што до сега официјално има 24 граѓани инфицирани од COVID 19 и за жал 3 смртни случаи.

Во оваа ситуација не се важни ниту власт ниту опозиција,ниту вера ниту нација, важен е секој човечки живот. Ако е потребно нека се стават во карантин кризните села, со цел да им се помогне на тие луѓе, кои секојдневно стравуваат за сопствените животи, а доколку се процени дека е подобро и целосно Струга нека се стави во карантин. –  вели Мирче Аџиоски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ- Струга.

Партијата бара Министерството за здравство да обезбеди тестови, а државата и локалната власт јавните пари да ги трошат исклучиво за најприоритетните потреби.

Навистина е несериозно и безобразно кога во вонредна состојба Владата со уредба доделува плати на СЈО, во енормно големи цифри, а здравствените работници и припадниците на МВР се борат голораки во првите редови против COVID 19! А да не зборуваме за големата економска криза која многу долго ќе ја живееме и преживуваме! Истовремено би сакал да апелирам до владата и до градоначалникот на град Струга, Рамиз Мерко да ги прекинат сите привремени вработувања во државните институции, во Општина Струга и јавните претпријатија кои немаат работа и тие парични средства да се пренаменат за обезбедување на заштитни средства за медицинскиот персонал во Струга. Секојдневно да се дезинфицира во градот и околните села, а посебно во селата од каде што има наши сограѓани инфицирани со COVID 19. – додава Аџиоски.

OhridNews