ВМРО ДПМНЕ интензивно се подготвува за претстојните локални избори во Охрид, истовремено надевајќи се дека паралелно со нив ќе имаме и предвремени парламентарни избори. Подготвуваме квалитетни решенија кои ќе ни донесат сигурна победа во Охрид. Ова одговарајќи на новинарско прашање на OhridNews денеска во Охрид, го изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

Во однос на локалните избори во моментов имаме отворена постапка на сондирање на јавното мислење и во партиската база и меѓу поддржувачите на партијата, но и во пошироката јавност. Во Охрид сум убеден дека ќе имаме уверлива победа, имаме неколку сериозни кандидати кои можат да ни донесат победа во гардот, а исто така подготвуваме силна советничка листа и се надевам дека ќе имаме добар изборен резултат, не само како казна за актуелната власт за нереализираните капитални инфраструктурни проекти, туку и како едно ветување за иднината. Очекуваме во текот на летото да ги искристализираме овие процеси и да ја запознаеме пошироката јавност. – изјави Николоски.

Г.М.