Четири години ветувања , без никаков договор или барем меморандум, вака од општинската ВМРО- ДПМНЕ ги коментираат ветувањата на градоначалникот Петрески за соработка со кинескиот град Далиан, чија делегација престојуваше во Охрид.

Во 2006 година при посетата на Кина, Петрески преку општинската веб страна информира дека посетата на Далиан за Охрид отвори нови перспективи за соработка во повеќе области, особено во областа на туризмот. Исто ветување од страна на Петрески е дадено и по средбата со Кинескиот амбасадор во 2006, велат од ВМРО- ДПМНЕ. Додаваат дека ветувањето за соработка со Кина беше истакнато и по вчерашната средба со делегацијата од Далиан.

Од оваа партија прашуваат до каде оди несериозноста на Градоначалникот на Охрид кој за шест години нема обезбедено никаква инвестиција од страна и чија најголема и единствена обезбедена инвестиција му е бумерангот од Австралија.

OhridNews