ВМРО ДПМНЕ возврати на нападите на градоначалникот Петрески кој и денеска го критикуваше односот на централната власт кон кризата предизвикана од неповолната хидролошка состојба во охридско-струшкиот регион. Во реакцијата се вели:

„Не можеме да видиме крај на хистеријата на Градоначалникот на Охрид и на локалната самоуправа . Се редат лаги и обвинувања како на лента без да се води сметка за кажаниот збор и одговорност кон граѓаните на Охрид и кон институциите. Падот на Петрески е извесен и неминовен но не треба во тој пад да го повлече и Охрид .

За негова информација координатор на кризниот штаб не е Панде Лазарески туку се министрите Миле Јанакиески и Зоран Коњаноски кои цело време додека Петрески се шеташе по Австралија беа во Охрид со граѓаните. Јанакиески откажа и учество на Министерски самит во Турција за да ги координира активностите додека Петрески се надмудруваше со својата партија и лидер се  додека со некаков чин не го паднаа на колена .

Падот на Петрески и целиот негов искривен систем на вредности е очигледен. Во неговиот страв и избезуменост , без размислување го влече и цел Охрид. Неговите неколкумина преостанати послушници и тој самиот користат најнепристоен речник дури и кон оние кои сакаат да помогнат за Охрид .

Јасно е дека проблемите во Охрид имаат само едно име – Александар Петрески. Секогаш кога не знае што да сработи и направи виновникот го бара надвор. Како тоа општината ги  собира парите и комуналиите, а очекувате државата да  ги сервисира проблемите ? Од каде право така дрско да се плука по луѓе и да се прозива Владата од која се бара помош?

Охрид дефинитивно е жртва на неодговорна локална самоуправа и Градоначалник.“, се вели во рекацијата на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.

OhridNews