ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид реагира на, како што велат од таму,  новите лаги и манипулации на Александар Петрески дека  наводно нема да се расфрла со пари за Новогодишната прослава во Охрид и дека средствата ќе се издвојат за ранливи категории.

Петрески треба да ја информира јавноста зошто во време, на како што вели,  економска криза и штедење, набавува 4 луксузни возила за свое возење, објавува конкурс за вработување на 25 партиски војници и зошто најголемата ставка на искористеност од буџетот му е ставката за патувања и ручеци, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews