Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Охрид реагира на денешниот прес и на изјавите на  градоначалникот Петрески дека Општината Охрид трпи опструкции од Владата. Во реакцијата стои:

„За жал многу брзо станаа вистина нашите предвидувања дека тоталната немоќ во раководење на градот , тоталното незнаење и со тоа деградирање на Охрид , убедливо најнеуспешниот негов Градоначалник ќе го покрие со неговиот добро испробан рецепт лаги и  плачење пред  јавноста дека некој го блокира.

Тоа е уште една во низата трагикомични настапи  на охридскиот Градоначалник со кои и натаму упорно и упорно го деградира Охрид , иако многу напорно  работи на замолчување на критиката и вистината.

Со ова тој  изгуби секаков кредибилитет да го носи името Градоначалник на Охрид. Охрид секојдневно губи од ваквото раководење кое ни по 5 години не покажа реални резултати , ниту пак донесе ништо капитално вредно за градот.

Дефинитивно е  веќе јасно  ,од  плачко и лажго – Градоначалник не бидува ,  затоа што побрзо негово заминување од функцијата тоа подобро за граѓаните на Охрид“ – се вели во соопштението на Општински Комитет наВМРО ДПМНЕ – Охрид.

Ohridnews