– Градоначалникот на Охрид сам се фалеше дека ќе донесе инвестиции и заради тоа е нашата реакција. Во однос на тврдењето дека „Градоначалникот Петрески има надлежност да го промовира Охрид и тоа успешно го прави“ мораме да забележиме дека толкава е промоцијата што ја направил за Охрид, што од година во година туристичката сезона е сè послаба и послаба, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
Тие од градоначалникот Петрески побараа јавно да се извни што Република Македонија ја нарекува „Банана-Држава“.