Во организација на владејачката ВМРО ДПМНЕ, денеска на пладне, во спортската арена „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одржи голем собир на граѓаните.
На трибината која се смета за одговор на активностите и нападите на опозцијата кон власта, се очекува да говорат истакнати членови на партијата меѓу кои и лидерот и премиер Никола Груевски.
-Организирањето на овој собир, кој е планиран како трибина, доаѓа како резултат на автохтона иницијатива на повеќе општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и искажаната енергија што членството ја чувствува по најновите политички настани и потребата од одговор.
Не се исклучува можноста овој настан да биде почеток и дел од еден можен карван, кој би продолжил понатаму во повеќе градови низ државата. Сепак, во моментот се уште не се знае како ќе изгледа завршницата на оваа иницијатива.- информираат од ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews