– Со тоа градоначалникот сам се демантираше а воедно и потврди дека Владата си го одржува ветеното и ја гради обиколницата која ја вети . Се надеваме дека ова е чин кој значи дека локалната самоуправа Охрид нема веќе да ги блокира владините проекти за Охрид, како што правеше досега и дека вистината полека излегува на виделина, се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму информираат дека заради блокирањето од страна на локалната самоуправа, Владата нема да биде во можност да го изгради фудбалското игралиште во Лескоец и други планирани спортски објекти во Охрид, што, како што се наведува во соопштението, е на штета на граѓаните.