Од ВМРО ДПМНЕ велат дека поседуваат информации, според кои Oпштина Охрид преку исплаќањето на штети за земјотресите кои што се случија во 2017, Комисијата од општината доделила поголема сума на пари од штетата што се случила, за еден ист објект, на повеќе лица од едно семејство кои живеат на истата адреса во истиот објект. Според ВМРО ДПМНЕ, се работи за близок човек до СДСМ и до актуелното раководство во општината.
- За истиот овој случај, нашите информации велат дека се води и дисциплинска постапка во тајност поради уцени, за Претседателот и членовите на Комисијата за утврдување на штетите. СДСМ веднаш треба да одговорат за колкава сума на пари се работи, на кои луѓе се поделени парите и да приложи слики од штетата на објектот? Дали и за кои членови се води дисциплинска постапка и во какви корелации се со актуелното раководство на СДСМ во Охрид и во општината?, праша на денешната прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО ДПМНЕ бараат надлежните институции да спроведат соодветна истрага и веднаш да се сноси одговорност.