ЌЕ Георгиески е во паника и очај затоа што ги губи изборите и никаква црна кампања не може тоа да го спречи. Никако да излезе од предавничката матрица на СДСМ, па по катастрофалниот пораз без срам реши да се појави и да прочита нарачан текст од неговиот партиски ментор Заев, велат во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, по вчерашното обраќање на кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески во кое вели дека Пецаков, заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава под концесија најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на нашето Охридско Езеро.

Неспособниот Георгиески и СДСМ единствено што успеаја да направат се хаос со плажите, платформите и урбаната опрема. Охриѓани и туристите беа сведоци дека селективниот Георгиески дозволи узурпација на јавниот простор со лежалки, самоволна наплата за паркирање возила и слични дејности. Лицемерно е Георгиески најпрвин да најавува објавување нов оглас за давање на плажите под концесија, потоа пред избори оглас за идејни решавања за плажите, а од друга страна да обвинува затоа што Д-р Кирил Пецаков и новото советничко мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ имаат план да го решат хаосот со плажите и да ги вратат повторно на граѓаните, се вели во соопштението.

Во продолжение на соопштението се додава дека целата јавност ќе биде запознаена дека проблемот со плажите и нивното уредување ќе го решат со тоа што плажите повторно ќе добијат концесии согласно законите.

Георгиески цел мандат исплаќа предизборни фактури, уценет е и докажа дека не може да се справи со ниту со плажите, ниту со дивоградбите. Црната кампања нема да те направи победник, само продолжуваш да тонеш – се додава во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

OhridNews