ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид ја објави Листата на кандидати за членови на Советот на Општина Охрид предводена од Сашо Донев и за кандидатот за Градоначалник на Охрид, Д-р Кирил Пецаков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ е претседателот на Општинскиот Комитет, Сашо Донев. По него следат Горан Стојаноски, Билјана Тодева-Стојаноска, Д-р Горан Маркоски, Наум Јамандиев, Благородна Чулческа, Кире Пердулоски, Ана Крстеска, Перчо Божиновски, Александра Настоска-Николоска, Александар Здравевски, Цветлана Вељаноска, Игор Јовески, Билјана Богданова-Смилевска, Мустафа Усеиновски, Александар Трпеноски, Флорина Мишеска, Драган Тренески, Мила Ложанкоска, Славица Ќосеска, Христијан Ристов, Горан Георгиески, Кристина Крстеска.

Отчетноста, транспарентноста како и чесна и честита работа се одликите на сите наши луѓе како идни претставници на охриѓани, професионалци на вистинските места. Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива Охрид во следните години. На 17 октомври заедно да започнеме нови успеси, развој и решенија за подобар Охрид. Заедно сплотени да се избориме за нашите семејства, за нашите домови, за нашиот Охрид, велат во соопштението од ОК Вмро Дпмне Охрид.

OhridNews