Охриѓани немаат кратка меморија, па да го потсетиме Георгиески на неговите нула реализирани капитални проекти, вели Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Доколку не сме во право, уште веднаш Георгиески да ни покаже каде е новиот здравствен дом? До каде е изградбата на нов спортски комплекс? Каде се четирите нови училишни спортски сали и новите спортски игралишта? Уште колку пати ќе ветува нов лик на плоштадите „Крушевска Република“ и „Свети Климент Охридски“? Што се случи со депонијата Буково, ја затвори ли според препораките на УНЕСКО? До каде е изградбата на фабрика за отпад? Ни трага, ни глас од гасификацијата на Охрид. Каде се новите катни гаражи што ги ветуваше!, прашува Божиновски.

Додава дека ветувањата на власта веќе немаат ниту сила, ниту моќ, а тие ветуваат проекти, за што зборуваат и делата.

OhridNews