Граѓаните на Охрид за време на гласањето на предвремените парламентарни избори покажаа исклучително културно однесување и висок степен на демократија онака како и што му прилега на градот-колевка на културата и цивилизацијата. Ова денеска на прес конференција го истакна шефот на изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ во Охрид Дејан Паноски. Тој упати благодарност и честитки до сите граѓани на Охрид без разлика за кого гласале затоа што, како што рече, Охрид го возвишиле во еден демократски град.
Охрид покажа висок демократски капацитет – Дејан Паноски
„Како партија задоволни сме што граѓаните ја препознаа политиката на ВМРО ДПМНЕ која пред се се заснова на работливост. Во наредните четири години ќе продолжиме со таквата работливост и ќе се бориме максимално да ја исполниме програмата Преродба во сто чекори-надградена и проширена“ рече Паноски.
ВМРО ДПМНЕ без оглед дали била на власт или во опозиција секогаш многу правела за Охрид, а така ќе биде и во иднина, додаде Паноски. Тој ги отфрли обвинувањата од коалицијата „Сонце“ дека наводно во Охрид бил извршен силен политички притисок врз граѓаните. „Ние најавивме дека ќе водиме позитивна кампања и така се однесувавме во текот на изборите“ рече Паноски.
ohridnews