ВМРО ДПМНЕ нема да ја обжали пред Управниот суд одлуката на Државната изборна комисија, која ги одби сите приговори на партијата за изборите за градоначалник во Охрид.

Ова неофицијално го најавија извори од партијата во Охрид, со кои контактираше Оhridnews.

ВМРО ДПМНЕ за утре на пладне најави прес конференција на која ќе се обрати кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов – Нанче. Според партиските извори со кои контактиравме, се очекува на средбата со новинарите да биде соопштена одлуката да не се обжалуваат одбиените приговори од страна на ДИК, со што и формално ќе биде потврдена победата на Александар Петрески на локалните избори.

Ohridnews