До каде се двете кривични пријави поднесени до ОЈО – Основен Суд Охрид на почетокот од 2023 г. од страна на стопански криминал при СВР – МВР Охрид против вработен како шумочувар во ЈУНП„Галичица” – Охрид, кој се товари за пустошење на шума, злоупотреба на службена позиција, фалсификување службени документи, за остварување материјална корист, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Во 2020 г. во предизборниот циклус, велат, управата на ЈУНПГ без дозвола од шумарски инспектор, без согласност на Министерство за животна средина, спротивно на Законот, без дозвола за сеча (бидејќи од 2017 г. согласно програмата установата не врши сеча на дрва) ја опустоши шумата од околу 400 кубици огревно дрво.

Целокупната противправна дејност шумочуварот ја организирал со знаење на раководството, при што огревното дрво го продавал по багателни цени со фалсификувани документи на селективни клиенти членови и симпатизери на СДСМ, присвојувајќи голема сума парични средства, стои во пријавите на СВР Охрид. Исто така, ова лице наместо да биде санкционирано од установата за криминалот, на истиот, управниот одбор на установата спротивно на закон, му ги поништил казните од дисциплинската мерка и плус во содејство со ОО СДСМ Охрид незаконски без исполнети услови за награда му го вработува синот, за да можат сплотени уште повеќе да го доуништат нашиот бисер Галичица, велат во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Оттука, прашуваат до каде е постапката во ОЈО Охрид и бараат итна разрешница на овој криминал. Во спротивно, велат ќе побараат независна истрага.

OhridNews