ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење на итни антикризни мерки на ниво на општината. Како што велат од ВМРО ДПМНЕ, расходните ставки од општинскиот буџет мора да претрпат промени уште веднаш со кратење на сите нерационални трошоци и пренамена на средствата за поддршка на стопанството и сограѓани во социјален ризик.

  • Предлагаме веднаш на седница на Совет на општината да се донесе одлука со која ќе се спречи натамошно трошење на пари од буџетот за намени кои во еден ваков момент немаат никакво оправдување: патни трошоци, репрезентации, донации и времени вработувања. Не е време ниту за патување, ниту за репрезентации, ниту пак за времени вработувања, во услови кога и оние, прекубројни редовно вработени, заради вонредните околности, оправдано во најголем број не се на своите работни места, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесува предлози, кои очекуваат градоначалникот заедно со службите да ги разгледа и во најкраток рок да се закаже седница на Совет со цел да се донесат следните заклучоци:

  • Се задолжува Градоначалникот на Охрид да сопре трошење на средствата од ставките:

– Привремени вработувања – 17.800.000 денари;

– Други тековни расходи (расходи за репрезентации, семинари, конференции…) – 17.029.000 денари;

– Купување на возила – 5.500.000 денари;

– Патни и дневни расходи – 2.365.000 денари;

Горенаведените средства чиј вкупен износ е 42.694.000 денари да бидат наменети за помош на најпогодените граѓани и стопански субјекти во градот, веднаш по ребалансот кој треба да следи, велат од ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews