Според ВМРО-ДПМНЕ синоќешниот митинг на коалицијата  “За  подобра  Македонија“  бил најголемиот митинг некогаш одржан во Охрид. „Сите проценки покажуваат дека се работи за најголем политички собир во Охрид, во поновата македонска историја“, се вели во соопшетнието на Центарот за комуникации на партијата, во кое понатаму стои:

„Во  подготовките на митингот, ОК на ВМРО- ДПМНЕ Охрид стави  акцент  на мерките  за заштита на зелените површини во центарот на Охрид и се вклучи заедно со надлежните служби во нивно обезбедување. Воедно беше апелирано до сите учесници за нивна поголема грижа, како во заштитата на животната средина, така и во активностите околу регулирањето на сообраќајот во градското подрачје . Членовите  на  Унијата  на  млади  сили  на ВМРО ДПМНЕ при ОК Охрид, денес рано наутро излегоа  на плоштадот и во паркот  и  заедно  со  надлежните  служби  помогнааа во расчистувањето  на  отпадоците.  Изразуваме голема благодарност до службите кои го овозможија беспрекорното одвивање на митингот. Полициските органи најпрофесионално  и со висок степен на одговорност, ја извршија својата задача, и во услови на огромна  масовност не дозволија да се случи никаков инцидент. Воедно им изразуваме благодарност и на службите  на Здравствен  дом  Охрид  кои будно ја следеа ситуацијата. Огромниот  прилив на луѓе  од  сите  страни  на  Македонија  предизвика  задоволство  кај  угостителските работници од Охрид, особено на оние лоцирани  во  близина  на  градскиот плоштад  каде  прометот  драстично  се  зголеми“, се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ОК ВМРО ДПМНЕ.