ОК ВМРО ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ и нејзиниот градоначалник во Охрид вршеле притисок врз вработените во локалната самоуправа

– Соочени со фактот дека немаат поддршка за нивните таканаречени маршеви Петрески и СДСМ се одлучија на фатален за нив чекор со притисоци и закани врз нашите сограѓани вработени во општинската администрација.- се вели во соопштението, во кое уште се наведува дека таквиот однос кон вработените во администрацијата во Охрид е недозволлив и мора итно да престане, а на граѓаните да им се дозволи сами да си одлучат кого и што поддржуваат.

Од ВМРО ДПМНЕ уште обвинуваат дека деновиве биле издадени нови решенија за наводно вработување во Општината кои според оваа партија не биле согласно законските процедури.

– Со ова се потврдува дека маршевите на СДСМ не се ништо друго тука само класична партиска предизборна кампања почната уште пред месец дена. -се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.

OhridNews