Опозициската ВМРО ДПМНЕ обвини дека власта прави опструкции за митингот што вечерва се одржува во Охрид, со кој таа ја започнува кампањата за претседателските и предвремените локални избори за градоначалник во Охрид. Според неа автобусите кои тргнале за Охрид биле запирани и упатувани на вонреден технички преглед.
Министерството за внатрешни работи ги демантира ваквите информаци.
Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лажните вести што вечерва ги шират одредени интернет портали за наводни блокади и вонредни технички прегледи на автобуси кои носат симпатизери на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Охрид. Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека станува збор за класични лаги и манипулации. Ниту има блокади ниту било какви технички прегледи туку станува збор за класична лага. – соопшти МВР.