Со секоја прес конференција СДСМ на дело ја повторува целта поради која Заев го спроведува ова негово антидржавно сценарио, а тоа е дестабилизација и создавање криза во државата, заклучуваат од владејачката партија, откако денеска опозицијата ги објави наводно прислушуваните телефонски разговори на функционери кои разговараат за судски процеси, вклучително и за процесот „Сопот“.

„Сопот“, инаку е судски предмет од 2003 година во кој селани од кумановското село Сопот одговараат за тероризам, односно поставување мина на пат на која нагази НАТО џип со полски војници и македонски државјани државјани. Со првата пресуда за експлозијата од мина што се случи кај Сопот при што загинаа двајца полски војници од силите на НАТО и еден цивилен придружник, беа осудени 11 лица од селото. Шест лица, беа осудени во отсуство.

„Последната низа настани и сé понагласеното отворање чувствителни теми јасно ја дефинираат намерата на СДСМ да придизвика влошување на меѓучовечките и етнички односи. Играњето на таа карта е многу опасно и за СДСМ, но најмногу за граѓаните и за Република Македонија. Тежината на овие теми СДСМ не ја препознава, иако постојано кокетира, со што покажува бесчуствителност и немање на одговорност за вака значајни прашања“, предупредуваат во реакцијата од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Се истакнува, натаму, дека најголемата опозициска партија е во заблуда доколку смета оти „пуштат креирани, монтирани и прилепувани материјали во повеќето градови низ државата“, иако тие материјали како денешниот немале никаква со местот каде шти биле презентирани, во случајов Велес, ќе создадат сомнеж за некакви нерегуларности, или незаконски дејства.

OhridNews

Извор:„Макфакс“