Манипулациите и лицемерието на СДСМ  изразени  на централно ниво преку објавување на снимени разговори  до кои се дошло преку   странски разузнавачки служби  блиски на социјалдемократите,  а  кои се на  штета на државава , денес кулминираа на локално ниво. Малкумината од некогашната голема  политичка партија  СДСМ – Охрид,  кои денес за жал  дејствуваат како очајна банда ,  се дрзнаа да го коментираат  начинот на работа на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид, се наведува во реакцијата од ОК на ВМРО- ДПМНЕ по денес изнесените обвинувања на општинската СДСМ.

– Малкумината  од некогашната  СДСМ – Охрид ги потсетуваме дека ВМРО-ДПМНЕ е голема политичка партија која на локално ниво има 6. 500 членови и огромен број на симпатизери. Станува збор за сериозна бројка на луѓе  која доволно објаснува дека овој сериозен политички субјект нема никаква потреба да добива гласови со притисоци и уцени.Граѓаните на Охрид препознавајќи го добриот начин на работа и партиската програма   кои  се во насока на  подобра држава и град, доброволно стануваат  нејзини членови. Со заминувањето на СДСМ – Охрид во историјата замина и времето на притисоци кои се спроведуваа  врз вработените   доколку сакаа   да останат на работа. Со СДСМ- Охрид, замина и времето кога луѓето насилно се повикуваа на партиски митинзи и трибини. Со СДСМ- Охрид  замина и времето кога пред избори нелегално  односно лажно се вработуваа луѓето низ образовните институции со што директно се поигруваше со судбината на стотици охриѓани, стои во реакцијата.  

Од ОК на ВМРО- ДПМНЕ додаваат дека се горди што   власта на  ВМРО-ДПМНЕ  успеала  трајно да го регулира статусот на илјадниците вработени по институциите  кои долги години работеле волонтерски или со договор на дело, а  меѓу кои најголемиот дел  работно биле ангажирани  по училиштата и градинките.

– Бомбите на СДСМ околу прислушувањата се уште една потврда дека оваа политичка партија не знае ништо друго освен да го привлече вниманието со своите криминални дејствија од кои се згрозени  и охридската и македонската јавност, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.    

OhridNews