ВМРО ДПМНЕ негира било каква поврзаност со поставувањето на провокатините билборди во Охрид на кои стојат иронични забелешки за посетата на градоначалникот Александар Петрески на Австралија. Во реакција се вели:

„ВМРО-ДПМНЕ не е нарачател на билбордите низ градот поставени по повод посетата на Александар Петрески на Австралија. Тоа не е наш стил на политички натпревар. Го повикуваме Градоначалникот нарачателот да го бара во раководството на СДСМ и Бранко Црвенковски кои јавно се оградија од него и го нападнаа. Ова е стил на работа на СДСМ. Повикуваме и покрај внатрепартискиот судир и раскол да се зазржи нивото на комуникација и Охрид и граѓаните на градот да не бидат дел од таа битка. Тоа е работа која СДСМ треба сам да си ја реши во рамки на својата партија. ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде дел од внатрепартиските судири во СДСМ“, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews