ОК ВМРО ДПМНЕ со несмалена жестина ја продолжува  интензивната комуникација со јавноста. Партијата овојпат преку соопштение реагира на вчера одржаната прес конференција на СДСМ, која ВМРО ДПМНЕ ја оцени како дрска.

ВМРО ДПМНЕ спротивно на мислењето од опозицијата смета дека локалните власти во двата претходни мандата направиле видливи дела, а не дела од кои треба Охрид да се срами.

„Според СДСМ, Охрид треба да се засрами од изградбата на кејот, уредувањето и поплочувањето на чаршијата, уредувањето на плоштадот кај Чинарот, проширувањето на булеварот „Туристичка“ и облагородувањето со зелен појас по целата должина, изградбата на автопатско решение до Св. Стефан, продолжување на колекторот до хотел „Гранит“се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ која прашува по кои капитални објекти изградени во неговиот мандат ќе биде запаметен градоначалникот Петрески.

Жестоките напади на негова адреса, градоначалникот Петрески неодмна ги оцени како преуранет почеток на кампањата за локалните избори. Тој рече дека граѓаните ќе ги оценуваат резултатите од  неговата работа, кои како што истакна ,не се видливи само за ВМРО ДПМНЕ.

Започна ли предизборната кампања?

Ohridnews