ВМРО НП е во шок и паника по катастрофалниот пораз на последните локални избори и затоа во јавноста пласира невистини за активностите на локалните функционери на ВМРО -ДПМНЕ, реагира владејачката партија на прозивките упатени кон претседателот на Општинскиот комитет Атанаско Михаилов.
-Неколкумината членови на таканаречената ВМРО НП, уште во шок од тешкиот пораз на локалните избори се појавуваат во јавноста во најмала рака со таканаречени глупави соопштенија. Очигледно се уште во длабок шок од очајните изборни резултати а оцрнети од граѓаните, дезориентирани во своите активности, освен активностите од лична корист поставуваат чудни прашања. Бидејќи не им се јасни основните и познати работи да им појасниме. ВМРО-ДПМНЕ на минатите локални избори излезе со своја програма и со сопствен кандидат за градоначалник. Граѓаните ним скоро едногласно им ја дадоа поддршката врз база на предизборните ветувања, содржани во програмата за локалните избори. Бидејќи неколкумината од таканаречената ВМРО НП не знаат што се предизборни ветувања, не знаат што е транспарентност и отчетност во работењето да им појасниме. Доколку горе споменатите не знаат што во суштина претставуваат средби со граѓани , нека погледнат како тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што не им е јасно во кое својство претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Атанаско Михаилов, градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески, секретарот на Општината и координаторот на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ ги посетуваат охриѓани, јасно покажува зошто ВМРО НП доживеа толку голем изборен пораз. – стои во реакцијата.
Во соопштението уште се наведува дека претседателот на охридското ВМРО- ДПМНЕ, Михаилов, заедно со претставници од локалната самоуправа, ќе ги интензивираат средбите со охриѓани.
-Само луѓе што ништо не сработиле, што нема со што да се пофалат, само луѓе со нечист образ бегаат од вакви средби. ВМРО- ДПМНЕ е партија која нема од што да се срами. Чесно се работи во полза на Охрид и охриѓани. Затоа раководството секогаш со чист образ ќе излегува меѓу граѓаните, затоа што ВМРО- ДПМНЕ е партија што ветува но и го реализира ветеното. За комплексот на „народњаците“ кон д-р Атанаско Михаилов, жалиме но за истиот нема лек.-се вели во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ- Охрид.
OhridNews