Од таму прашуваат дали СДСМ и Александар Петрески, Св. Климентовата награда на Велија Рамковски му ја доделуваат заради заштитата на урбаната деградација во Охрид или поради континуирано необјективно информирање и рекламирање на медиумите на Велија Рамкоски.
– Ова е врв на срамот за градот Охрид кој го приредува СДСМ и Александар Петрески, врв на непренципиелноста и обид за триумф на лошото над доброто. Охрид со ништо тоа не го заслужува, велат од ВМРО- ДПМНЕ.