-Речиси сите од партиите присутни тука не поддржуваат во спорот за името и најголем дел од државите од каде тие доаѓаат не имаат признато под уставното име, додека со државите како Франција на пример, која исто така имаше свои претставници на средбата во Охрид, даваме сугестии дека е најдобро и Франција да ја признае Македонија со уставното име, односно се обидуваме и во меѓупартиските контакти да ги соопштиме нашите аргументи, кои понатаму се пренесуваат со политичкото дејствување на партиите во своите држави, истакна Влатко Ѓорчев, секретар за мултилатерална соработка на ВМРО ДПМНЕ.
На работната средба во Охрид учествуваа претставници на десно ориентираните партии од 13 европски држави, кои размениле искуства на теми поврзани со пристапување кон и НАТО и ЕУ и разговарале за изборните техники, кампањите и практицирањето на власта.