Некои
вандали со политички став (бидејќи „неполитичките“ билборди останаа нечепнати)
вчера вечер ги уништиле сите билборди во сопственост на „Еуролинија“, на
потегот бензиска пумпа Билјанини Извори-Горица, кои ја истакнале пораката
„Македонија знае! Преродбата продолжува“.


Сепак
најлошо поминал ликот на претседателот на ДПА Мендух Тачи на закупениот
билборд, кој е потполно уништен со истата црна боја која ги „краси“ и сите до еден
билборди закупени на ВМРО-ДПМНЕ на овој потег
.



Можеби
Македонија нема да го дознаеше политичкиот идентитет на сторителите да беа
малку поинтелегентни (европски учени, нели) па да не ја искористеа точно истата
црна боја (по билбордите, по трафостаниците) да се „потпишат“ насекаде со
заокружениот број „4“.



Некој
треба да им каже на „Сонцињата“ загледани во Европа дека веќе живеат во
цивилизирана европска држава со високо цивилизирани граѓани. Граѓаните со
грозење гледаат на примитивизмот и вандализмот на активистите на коалицијата
која „ослободена“ од зборот „Македонија“ во сопственото име би „полетала“ кон
Европа. 

Некој
треба да им го прочита (бидејќи се сомневаме во нивната писменост – писмени
луѓе избегнуваат ваквa
„уметност“) членот 186 од Изборниот законик кој јасно кажува: „Со парична казна
од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок физичко лице кое врши
уништување на изборни плакати или лепење плакати преку друга плаката на
организатор на изборна кампања на места определени за нивно истакнување (член
78 став
(1)).

А онаа
четворка претпоставуваме дека означува број на гласачкото ливче… Ако, скраја
да е, не е потпис на четирите јавачи на апокалипсата.


ОК ВМРО ДПМНЕ