На прес конференцијата на градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески, на која тој говореше за спорот со Антикорупциската комисија, со рекација се огласи ОК на ВМРО ДПМНЕ:

„Денес сме сведоци дека градоначалникот Александар Петрески, на прес-конференција, во својот препознатлив саморекламирачки стил ја префрли вината за непочитувањето на прописите на никој друг туку директно на Антикорупциската комисија, како да се работи за некоја попатна, чаршиска забелешка а не барање за поведување кривична постапка од страна на независен релевантен државен орган.

Градоначалникот Петрески не е градот Охрид и затоа не е срам за Охрид што се бара кривична одговорност од него за прекршување на законите и прописите. Неговото непридржување кон законот повеќе пати сме го истакнале и сме се обиделе да укажеме да не се повторува, додека тој по обичај се става нед законот и како резултат имаме хаос во градот.
Срам за Охрид е катастрофалното управување со градот од страна на Петрески, урбаното дивеење, самоволие во сите сфери и ниското ниво на комуникација со јавноста.

На Охрид му е доста од промоција на лажна успешност. Во изминатите 4 години од мандатот на Петрески нема ама баш ни една капитална инвестиција од безброј ветените.

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се меша во работата на независните органи и судската власт. Ги повикуваме надлежните институции и органи да го проверат работењето на Градоначалниктот и локалната админитрација, како и секаде каде што имаат ингеренции, неселективно, целосно и транспарентно. Секој треба да си понесе одговорност за сопственото работење, без разлика на политичкта, социјалнтата и етничката припадност.

СДСМ и нивните функционери, наместо да извлечат поука од катастрофалниот изборен пораз кој го доживеаа на 1-ви јуни продолжуваат да се ставаат над законот и со секакви методи се трудат тоа да го прикријат. Граѓаните го препознаваат ваквото однесување и истото нема да дозволат да се повтори. На Охрид му е доста од промоција на лажна успешност“.

ОК ВМРО ДПМНЕ