ВМРО-ДПМНЕ цело време бара во државава да се спроведе електронски попис со што би се избегнало физичко посетување на граѓаните во домовите, со што би се спречило ширење на заразата и би се заштитело здравјето на граѓаните, но и би се спречиле манипулациите што власат сака да ги прави, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Најдобар начин да се спроведе целата оваа процедура е да се направи електронски попис, кој што ВМРО-ДПМНЕ цело време го бара. Со електронски попис, без физичко посетување на граѓаните во домовите, ќе се спречи заразата да се шири, а ќе може точно да утврдиме колку има население во Македонија за да нема манипулации какви што власта сега сака да прави. Така што, решение е електронски попис за да се заштити здравјето на граѓаните и да нема манипулации. – рече Николоски.

Во однос на недостигот, односно неможноста да се обезбеди доволен број на теренски попишувачи, тој истакна дека основна причина што луѓето не се пријавуваат е бидејќи знаат дека попишувачите се избираат партиски.

OhridNews